Утрински Весник
Спорт

Капело: Дешам не погреши со Бензема. Истото го направив и со Савиќевиќ

Капело: Дешам не погреши со Бензема. Истото го направив и со Савиќевиќ

Легендарниот италијански селектор Фабио Капело даде интересно интервју за „Кориере дела сера“ во кое ги коментираше најважните моменти од неодамна завршеното СП во Катар. Една од репрезентациите кои потфрлија и разочараа на СП беше Шпанија. Капело смета дека определбата на постојан посед на топката е смрт за фудбалот.

dobivaj vesti na viber

„Слушнав за многу тактички поставки и системи, но во Катар, повеќе или помалку сите го користеа истиот – што го тера тимот се брани и напаѓа со сите играчи. Залудно е да се измислува нешто друго. Инсистирањето да се контролира поседот на топка е смрт за фудбалот, тоа е апсолутно досадно. Играчите со топка немаат никаква одговорност и ризик, додека вертикалната игра бара храброст“, изјави Италијанецот.

Последните денови ја следиме сапуницата за исфрлањето на Карим Бензема од француската репрезентација. Одличниот напаѓач на Реал се повреди пред почетокот на Мундијалот, се врати дома, но откако се опорави очекуваше Дешам да го врати во составот. Тоа не се случи и Бензема одлучи дека никогаш повеќе нема да игра за Франција. Новинарите го прашаа Капело дали селекторот на Франција згрешил.

„Не, тој не погреши. Истото го направив јас со Савиќевиќ пред финалето на Интерконтиненталниот куп во 1993 година. Утрото пред натпреварот ми рече дека е подготвен да игра откако веќе подготвив тактика со Радучоју. Од почит, не му дозволив да игра. Мислев дека тоа е фер одлука за тимот. Останува прашањето дали Милан и Франција со Савиќевиќ и Бензема би освоиле уште еден трофеј? Можеби, да, но тоа не е ни важно“.

Со освојувањето на титулата светски шампион, Лео Меси освои се што можеше да се освои. По титулата во Катар, многумина ќе речат дека сега стана најголемиот на сите времиња и дека го надмина Диего Марадона.

„За мене Лео беше на исто ниво како Диего и пред Светското првенство. Пеле, Меси и Марадона правеа работи што другите не можеа ни да ги замислат“, изјави Капело, кој верува дека Карло Анчелоти сепак нема да стане селектор на Бразил.

„Би било неверојатно, но мислам дека нема да се случи; националната гордост на Бразил ќе надвладее“.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ