Утрински Весник
Свет

Турција: Време е НАТО да каже „стоп“ на грчката дрскост

Турција: Време е НАТО да каже „стоп“ на грчката дрскост
Dik 300x250 mk

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека е време НАТО да и’ каже стоп на грчката дрскост.

dobivaj vesti na viber

Таа земја, рече тој, продолжува да ги ескалира тензиите со агресивни акции и реторика.

Во својот говор на состанокот на Министерството за одбрана, Акар рече:„И покрај нашиот добронамерен пристап, Грција продолжува да провоцира и ескалира тензии“.

Осврнувајќи се на минатонеделното соопштение на Турција, во кое беше наведено дека неколку грчки борбени авиони ненајавено следеле турски авиони кои летале преку Егејското Море кон Турција, како и дека им го попречувале нивниот радарски сигнал, тој изјави дека минатата недела Грција малтретирала турски авиони кои учествуваат во вежби на НАТО.

„Овој непријателски став јасно покажува дека Грција стана толку арогантна што ги игнорира основните принципи и вредности на НАТО“, рече тој.

Коментирајќи ги кандидатурите на Шведска и Финска за членство во НАТО, Акар рече дека Турција очекува тие две земји „да ги исполнат обврските што ги потпишаа во Мадрид, а тоа е да ја намалат поддршката за терористите и да ги отстранат ограничувањата што ги наметнаа на Турција на списокот за екстрадиција“.

Министерот за одбрана рече дека Анкара работи на „подобрување на пристапот на нашите американски колеги“, но очекува и „позитивен и конкретен“ заклучок за продажба и модернизација на авионите од Вашингтон.

Можете да прочитате

Мнозинства по потреба – нова политичка реалност во Европскиот парламент 

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа