Утрински Весник
Македонија

Откриен пријавувачот на лажни бомби во Кавадарци

Откриен пријавувачот на лажни бомби во Кавадарци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во однос на најавите за поставени екплозивни направи неколку училишта во Кавадарци, истакна дека целиот случај е расчистен.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична пријава до соодветното Јавно обвинителство, така да откриен е сторителот и затворен е целиот случај”, информираше министерот Спасовски.

Месецов во неколку наврати имаше дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кавадарци.

Можете да прочитате

Утре камен-темелник за автопатот Скопје-Блаце, Мицкоски ќе се обрати на свеченоста

Засилени контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 965 прекршоци

Промовирана „Е‑наука“ – национална електронска база на податоци за сите истражувачи во земјата