Утрински Весник
Македонија

„Подари среќа“ – новогодишен хуманитарен базар во организација на општина Аеродром

„Подари среќа“ – новогодишен хуманитарен базар во организација на општина Аеродром

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Општина Аеродром заедно со училиштата и градинките од својата територија оваа година ја продолжува традицијата на организирање новогодишни хуманитарни базари.

dobivaj vesti na viber

Со настап на музичарите Викторија Лоба, Лара Иванова, Сара Мејс, Фиц и Студени нозе, Ди Џеј Тодороф, како и магионичарско шоу, новогодишна претстава со Дедо Мраз, танцови настапи на АQUA DANCE и Break a leg и Светот на Биби, зад трговскиот центар „Капитол мол“ во Општина Аеродром ќе се одржи дводневен новогодишен хуманитарен базар фест насловен „Подари среќа“(28-29.12.2022).

Во рамките на хуманитарниот настан „Подари среќа“ ќе биде организиран базар, на кој посетителите ќе можат да купат новогодишни честитки и рачни изработки на децата од градинките и училиштата од прво до петто одделение во основните училишта на територијата на Општина Аеродром. Со средствата што ќе бидат собрани од оваа акција ќе бидат помогнати семејства од социјално-ранливите категории на територија на Аеродром.

„Овој предновогодишен хуманитарен настан е можност за сите граѓани на Општина Аеродром, но и за сите посетители кои ќе бидат наши гости овие два дена да направат добро дело и да помогнат. Сакам да се заблагодарам на децата, но и на вработените во градинките и училиштата низ Аеродром кои секогаш даваат поддршка и се вклучуваат во хуманитарни активности со кои се помага на семејствата од социјално-ранливите категории. Новогодишните и божиќните празници се уште една можност да докажеме дека хуманоста не познава граници, причина да подариме среќа на оние на кои им е најпотребно на почетокот на новата година“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да го посетат базарот, да се израдуваат себеси и најблиските со уникатни подароци, а воедно и да учествуваат во уште една хуманитарна акција.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон