Утрински Весник
Свет

По враќањето од Вашингтон, Зеленски слета во Полска и се сретна со Дуда

По враќањето од Вашингтон, Зеленски слета во Полска и се сретна со Дуда

На патот кон Украина, Зеленски накратко се сретна со полскиот претседател, Анджеј Дуда, соопшти Киев.

dobivaj vesti na viber

„На пат кон дома се сретнав со пријателот на Украина – претседателот на Полска, Анджеј Дуда. Ја сумиравме годината која донесе историски предизвици поради војната од големи размери“, објави Зеленски на Телеграм.

Тој додаде дека на Дуда и  граѓаните на Полска им се заблагодарил за силната поддршка на Украина.

Според изјавите на украинското претседателство, двајцата лидери разговарале за повеќе теми со акцент на зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и хуманитарни прашања, резимира француската новинска агенција АФП.

Точната локација на средбата не е позната, но на објавеното видео се гледа како Зеленски излегува од авион на аеродромот во Жешов, а потоа седнува на маса со Дуда.

Жешов е градот низ кој патува добар дел од помошта наменета за Украина, а тамошниот аеродром го чува американскиот контингент.

Рускиот претседател Владимир Путин денес посочи дека е отворен за разговори со Украина. Тој изјави дека Русија сака конфликтот во Украина да заврши што е можно поскоро и ќе работи на тоа да се случи што е можно поскоро. Како што додаде, Москва „за разлика од Киев“ никогаш не бегала од преговори.

Сите вооружени конфликти завршуваат со преговори, а Русија никогаш не бегала од тоа“, рече Путин на прес-конференција во Екатеринбург, обвинувајќи го Киев дека ги избегнува преговорите и се повлекува од нив.

„Колку побрзо Киев сфати дека разговорите се неопходни, толку подобро“ рече тој.

Путин денеска ја опиша војната во Украина како неопходна за Русија да ги заштити интересите на руското население што живее таму.

„Нагласувам дека се што се’ случува и се’ што е поврзано со специјалната воена операција е апсолутно принудна итна мерка“, нагласи тој, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

 

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk