Утрински Весник
Свет

Моравјецки: На Полска и на Италија им е преку глава од бирократијата на ЕУ

Моравјецки: На Полска и на Италија им е преку глава од бирократијата на ЕУ

На Полска и на Италија им е „преку глава од европската бирократија“, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки, цитиран од „Политико“.

dobivaj vesti na viber

„Европа на татковините, а не европска супердржава“, рече Моравјецки во интервју за италијанскиот весник „Стампа“.

„Полјаците и Италијанците се заситени од диктатите на европската бирократија и сакаат вистинска демократија. Сакаме да ја обновиме ЕУ со враќање на нејзините основни принципи“, рече Моравјецки.

Друга заедничка работа меѓу двете земји е нивната силна поддршка за Украина, додаде тој и рече дека „неоимперијалистичката политика на Владимир Путин е сериозна опасност не само за Киев, туку и за цела Европа“.

Можете да прочитате

Торнадо го погоди југот на Франција, 15 повредени и оштетени куќи

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие мојот син

Банди извршија масакр во Хаити, над 40 лица убиени