Утрински Весник
Свет

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар положи заклетва

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар положи заклетва

Адвокатката Наташа Пирц Мусар (54) денеска на церемонија во Парламентот на Словенија положи заклетва и стана претседател на државата.

dobivaj vesti na viber

Пирц Мусар утре ќе ги преземе должностите од претходникот Борут Пахор, пренесува Танјуг.

Пирц Мусар на свечената седница положи заклетва и се обврза дека ќе го почитува уставниот поредок, ќе постапува според нејзината совест и ќе даде се од себе за да го обезбеди просперитетот на Словенија.

Иако е новодојденец во политиката, Пирц Мусар на повеќето Словенци им е позната како телевизиски водител, комесар за информации во два мандати, но и како претседател на словенечкиот Црвен крст.

Дипломирала на Правниот факултет во 1992 година во Љубљана, а докторирала во Виена во 2005 година. Професионалната кариера ја започна како новинарка и телевизиска водителка, а шест години подоцна застана на чело на финансискиот холдинг „Актива груп“.

Основаше своја адвокатска канцеларија, работеше на бројни силни случаи, а беше и правен советник на семејството на Меланија Трамп, сопругата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Кога станува збор за надворешната политика, таа се залага целиот Западен Балкан што поскоро да влезе во ЕУ.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници