Утрински Весник
Свет

„Платата на Шолц во однос на некои директори во Германија е како да е волонтер“

„Платата на Шолц во однос на некои директори во Германија е како да е волонтер“

Германските парламентарци денеска го критикуваа фактот дека многу директори на државни компании во Германија заработуваат значително повеќе од самиот канцелар Олаф Шолц.

dobivaj vesti na viber

„Во споредба со платата на директорот на Германските железници, платата на канцеларот Шолц се чини дека е волонтерска“ рече претставникот на опозициската партија Левица, Јан Корте.

По повеќекратни обиди, добиени се информација од Министерството за финансии за платите на директорите на државните фирми.

Корте критикуваше што од директорот не добил список со сите податоци и пониски позиции.

Тој се сомнева дека и луѓето на пониски позиции во државните компании добиваат повисока годишна плата од канцеларот која заработува околу 360.000 евра бруто годишно.

„Треба да престанеме да ги приватизираме државните компании и да внимаваме како се однесуваме со парите на даночните обврзници“, рече Корте.

Тој се запраша што ја оправдува платата на директорот на Германски железници, која по покачувањето изнесува речиси еден милион евра, или на директорот на државната печатница од речиси 863.000 евра бруто.

Во претходните образложенија, Владата рече дека платите во државните компании мора да бидат конкурентни со платите на слободниот пазар.

Германскиот претседател заработува околу 300.000 евра годишно со додатоци, а министерот за надворешни работи околу 200.000 евра бруто.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина