Утрински Весник
Свет

Путин: Ракетниот систем „Патриот“ е застарен

Путин: Ракетниот систем „Патриот“ е застарен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека системите за противракетна одбрана „Патриот“ се застарени и дека Русија „секогаш ќе наоѓа противотров за таквите потези“.

dobivaj vesti na viber

„Што се однесува до „Патриотите“, ова е прилично стар систем и не работи добро како нашиот С-300. Нашите противници мислат дека тоа е одбранбено оружје, тоа е она што тие го тврдат. Но, тоа е само нивна имагинација, ние секогаш ќе најдеме противотров за таквите потези. Значи, тие само губат време, само го одложуваат конфликтот“, им рекол Путин на новинарите, а пренесува „Си-Ен-Ен“.

Ракетниот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ првенствено се користи за пресретнување и соборување балистички и крстаречки ракети. Веќе подолго време Украина го бара овој систем од западните земји за поефикасно да ги уништи руските ракети и т.н. камикази беспилотни летала.

Американскиот претседател Бајден го најави испраќањето на тој ракетен систем во Украина на заедничката прес-конференција со Зеленски, во Белата куќа.

Можете да прочитате

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата

Полицијата во Анкара блокира и приведе демонстранти што протестираа против НАТО

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години