Утрински Весник
Македонија

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк

Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.

Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса [email protected]

За потсетување, на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации, се вели во соопштението на Министерството.

Можете да прочитате

Ангелов: Дрисла е под 24-часовен надзор со термални камери

Скопје 15 дена во чад – Кој го труе главниот град?

Министерство за здравство без ниту една препорака до граѓаните за опасниот пожар во Трубарево