Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца криумчари на мигранти на автопатот Гевгелија – Скопје

Приведени двајца криумчари на мигранти на автопатот Гевгелија – Скопје

Денеска (22.12.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода А.Ј.(22) и М.Д.(19), двајцата од Штип, затоа што во товарното возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., а М.Д. бил совозач, биле пронајдени 12 мигранти (7 од Сирија, 2 од Египет и 3 од Пакистан).

dobivaj vesti na viber

Околу 13.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај наплатна станица Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото, но тоа не застанало и продолжило со движење, но , набргу возилото било запрено.

Лицата се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите.

А.Ј. и М.Д. биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул