Утрински Весник
Свет

„Дејли мејл“: Џинпинг му се заканил на Путин да каже кога ќе ја заврши војната во Украина, Медведев бил поштарот

„Дејли мејл“: Џинпинг му се заканил на Путин да каже кога ќе ја заврши војната во Украина, Медведев бил поштарот

Кинескиот лидер Шји Џинпинг, наводно, побарал од Владимир Путин писмено да му достави кога ќе ја заврши војната во Украина, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Од рускиот претседател наводно било побарано да ги прецизира точните датуми кога ќе заврши конфликтот, а неговиот кинески колега наводно се заканил дека ќе ја прекине комуникацијата доколку не добие одговори. Понатаму се наведува дека „само доколку има такви писмени објаснувања или ветувања, кинескиот лидер е подготвен да се согласи на телефонски разговори со Путин и да разговара за можноста следната година да ја посети Русија“.

На профилот на Генерал СВР на Телеграм, кој наводно е поврзан со Кремљ и телохранителите на Путин, наведува дека Дмитриј Медведев вчера бил „испратен во Пекинг како поштар“ за да му го достави одговорот на Путин на Шји, пишува „Дејли мејл“.

Авторот на непроверениот канал, наводно, е прогонетиот генерал-полковник од Кремљ, познат под псевдонимот Виктор Михајлович, кој за време на војната изнел голем број тврдења против Путин.

Медведев, заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, ретко беше именуван од Путин во последниве години, а неодамна во Кремљ беше претставен како „дворски лудак“ поради неговите екстремни антизападни објави на социјалните мрежи.

Тврдењата сугерираат дека Путин се соочува со силен притисок од Кина да стави крај на војната, што предизвикува сериозни пресврти во светската економија.

Колку писмото на рускиот претседател го убедило Џинпинг ќе биде јасно од тоа дали лидерите на двете земји ќе имаат телефонски разговори во блиска иднина или не. Кинеските власти соопштија дека Медведев на средбата со Шји му врачил на претседателот писмо во кое има поздрави и најдобри желби од Путин.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина