Утрински Весник
Свет

Шојгу ги посети војниците во Украина

Шојгу ги посети војниците во Украина

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, ги посети воените единици кои се борат во Украина, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Според министерството, Шојгу „ги посетил руските војници во областа на специјална воена операција“, објави државната агенција РИА.

Не беше објавено каде се случила наводната посета на Шојгу на војниците.

Министерот за одбрана учествуваше на големата средба што рускиот претседател Путин вчера ја одржа со лидерите на Министерството за одбрана и руските воени команданти.

Можете да прочитате

Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец

Пукање во Калифорнија, едно лица загинато, шест повредени

Трамп: Глупави луѓе инсистираат на нови санкции против Русија