Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател, Џо Бајден за поддршката за време на средбата во Белата куќа.
Бајден рече: „Храброста и издржливоста на Украинците го инспирираа целиот свет“.
Американскиот претседател му вети на Зеленски, дека САД ќе продолжат да ја зајакнуваат способноста на Украина да се брани, со посебен акцент на воздушната одбрана.
„Американците од двете политички партии ги поддржуваат Украинците, заедно со сојузниците во Европа, Јапонија и други, за да се погрижат Украина да ја има потребната финансиска, хуманитарна и безбедносна помош. Тоа ја вклучува и најавената испорака на „Патриот“, рече Бајден.
Зеленски му ја врачи на Бајден наградата Херој на Украина и медал на војник во Бахмут
Откако украинскиот и американскиот претседател разговараа со новинарите од Белата куќа, Зеленски на Бајден му ја врачи наградата Херој на Украина.
📹 Zelensky gave personal merits to Biden from a Ukrainian soldier stationed at the front and a Ukrainian captain operating on the HIMARS battery pic.twitter.com/qObjtidguP
— KyivPost (@KyivPost) December 21, 2022
Зеленски му подари на Бајден и воен медал за кој рече дека му припаѓал на украински војник во Бахмут. Војникот му рекол на Зеленски дека сака да му го даде својот медал на „храбриот американски претседател“.
„Каква чест“, одговори Бајден. „Не го заслужив тоа, но тоа е голема чест за мене“, додаде тој.
📹 Zelensky gave personal merits to Biden from a Ukrainian soldier stationed at the front and a Ukrainian captain operating on the HIMARS battery pic.twitter.com/qObjtidguP
— KyivPost (@KyivPost) December 21, 2022
Бахмут, источен град под украинска контрола, со месеци е под руско бомбардирање.