Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по денешната работна средба со раководствата на СВР Куманово и Регионален центар за гранични работи Север, одговарајќи на новинарско прашање за количество на запленети пиротехнички средства за 2022 година истакна дека МВР заедно со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија спроведуваме превентивна кампања за злоупотреба на пиротехнички средства.
„ Ние имаме кампања за злоупотреба на пиротехничките средства,што ја водиме ние како МВР во соработка со Клиниката за пластична и реконструктивна хириргија.Оваа превентивна кампања укажува пред се на младата популација, на учениците, за опасностите од користење на пиротехнички средства”, рече министерот Спасовски.
Во однос на количеството на запленета пиротехника, министерот Спасовски истакна: „ Досега имаме запленето околу 100.000 парчиња пиротехника, од кои 4.000 се токму на територија на Општина Куманово”, рече министерот Спасовски, при што упати апел до граѓаните да не се користат пиротехнички средства за време на прославите.
„ Уште еднаш сакам да упатам апел до сите граѓани, пред се до младите и да порачам дека нема убавина во прославување со пиротехника, заради тоа што во сериозност се става здравјето и животот на сите нас. Да прославуваме на начин што ни причинува задоволство, но никако со оружје или пиротехника со кои можеме да го загрозиме сопствениот и животот на најблиските и околината”, апелираше министерот Спасовски.