Утрински Весник
Спорт

Енцо Фернандез се договорил со Ливерпул

Енцо Фернандез се договорил со Ливерпул

Најдобриот млад играч на последното Светско првенство, Енцо Фернандез (21) го договорил трансферот во Ливерпул, пишува аргентинскиот „Диарио Ла Капитал“. Според овој извор, Фернандез се согласил да остане на позајмица во Бенфика до крајот на сезоната, а потоа да се пресели во англискиот клуб.

dobivaj vesti na viber

„Трансферот се уште е на ниво на вербален договор, договор не е потпишан, но тоа би можело да се случи во јануарскиот преоден рок“, пишува „Диарио Ла Капитал“.

Фернандез има 21 година, одигра голема улога во освојувањето на титулата светски шампион за Аргентина. Во пет од седум натпревари тој стартуваше од првата минута, постигна еден гол и забележа една асистенција. Тој минатото лето пристигна во Бенфика од Ривер Плата и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи во португалскиот тим. Според „Трансфермаркт“, Фернандез вреди 35 милиони евра, но реално таа цена е многу повисока.

Инаку, Ливерпул минатото лето од Бенфика го доведе уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез за 80 милиони евра. Тој засега се покажува како засилување, иако извесен период трпеше критики. Нуњез постигна девет гола на 21 натпревар за Ливерпул.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ