Утрински Весник
Магазин

Корисниците на „Твитер“ гласаа Маск да си поднесе оставка

Корисниците на „Твитер“ гласаа Маск да си поднесе оставка

Илон Маск спроведе анкета на „Твитер“ за тоа дали треба да поднесе оставка од функцијата извршен директор на платформата, и резултатот е да.

dobivaj vesti na viber

Милијардерот уште еднаш се обидува да ја препушти одговорноста на масите, спроведувајќи анкета со прашање за корисниците дали треба да се повлече од челната функцијата. Очигледно препуштањето на важни деловни одлуки на онлајн анкета е знак на паметен бизнисмен, според некои медиуми.

Кога ја објави анкетата, Маск им порача на корисниците дека ќе ја почитува нивната одлука.

„Дали треба да се повлечам од функцијата шеф на Твитер?“ твитна Маск во неделата вечерта за своите 122 милиони следачи. „Ќе се придржувам до резултатите од оваа анкета.“

Мнозинството корисници, 57.5 отсто од нив, гласаа Маск да се повлече, додека 42.5 отсто од нив сметаат дека треба да остане на чело. Во анкетата учествуваа 17.5 милиони  корисници.

Една недела откако ги купи акциите на „Твитер“, Маск даде понуда да ја купи компанијата и успеа да ја преземе за 44 милијарди долари. Откако стана нов сопственик почнаа да се поставуваат прашања какви промени ќе донесе кај корисниците, но и кај вработените.

„Решив да инвестирам во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот и верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија“, напиша Маск во документот до финансискиот регулатор, пренесува Би-би-си.

Технолошкиот тајкун, кој исто така раководи со „Тесла“ и „Спејс икс“, се соочи со многу критики откако ја презеде функцијата.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста