На пленарна седница денеска на дневен ред е Буџетот за 2023 година, доставен од Владата. Буџетот за 2023 година е развоен, обезбедува стабилност, економски раст и истиот е одговор на последиците од светската економска криза. 250 милиони евра од вкупниот буџет се наменети за нови мерки за помош и поддршка на граѓаните, изјави пратеничката на СДСМ, Даниела Колева.
„ 1,2 милијарди денари или 120 милиони евра се предвидени за ново зголемување на пензиите кое ќе се случи во март следната година. 8000 милиони евра се предвидени за нови капитални инвестиции, а поддршка има и за општините за кои се наменети 433,9 милиони евра.
Обезбедени се средства и за реализација на стратешките реформи важни за трансформација на општеството но и за преговарачкиот процес. Со Буџетот за 2023 и со мерките и политиките што ги преземаме, следната година ќе биде година на економски пресврт.
Правиме општествена промена, преку енергетската транзиција, нови странски директни инвестиции и силна поддршка за граѓаните и домашната економија. Повикуваме, сите пратеници да дадат поддршка на Буџетот кој е важен за граѓаните и за македонската економија. Како одговорно парламентарно мнозинство продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани, со вистинска грижа за македонската економија“ рече Колева.