Утрински Весник
Свет

Пратеник во Европскиот парламент: Путин направи повеќе за проширување на ЕУ и НАТО отколку сите одвнатре

Пратеник во Европскиот парламент: Путин направи повеќе за проширување на ЕУ и НАТО отколку сите одвнатре

Пратеникот во Европскиот парламент, Тонино Пицула, изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин направил повеќе за проширување на ЕУ и НАТО, отколку, како што рече, можеби сите застапници во Унијата и Алијансата.

dobivaj vesti na viber

Тој оцени дека ова е прва надворешна криза од 2008 година, која ја погоди ЕУ и дека всушност ја фаворизира политиката на проширување и не го намалува, како што рече, апетитот за дојденци.

„Политиката на проширување досега беше најдобриот гарант за проширувањето на европското влијание и стабилност, а можеме да кажеме дека Владимир Путин направи повеќе за да ја обнови политиката за проширување на ЕУ и да го прошири НАТО отколку можеби сите застапници одвнатре“, рече Пицула, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Трамп изјави дека САД „веројатно“ вечерва повторно ќе го нападнат Иран

Макрон утрово во Анкара го започна со трчање

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата