Утрински Весник
Спорт

Најефикасен мундијал во историјата

Најефикасен мундијал во историјата

За време на Светското првенство во Катар, на 64 натпревари беа постигнати 172 гола, што е најмногу голови во историјата на светските првенства.

dobivaj vesti na viber

Претходниот рекорд го имаа првенствата во Франција во 1998 година и во Бразил во 2014 година, кога беа постигнати 171 гол, а на третото место беше првенството во Русија во 2018 година со 169 голови.

На Светското првенство оваа година беа забележани 2,69 гола по натпревар.

Ако се погледне само просекот на голови по меч, најефикасниот турнир во историјата бил во Швајцарија во 1954 година, каде на 26 натпревари биле постигнати 140 голови, односно дури 5,38 гола по меч.

Во Катар шест натпревари завршија без голови, а два завршија со по седум гола. Најдобар стрелец е Килијан Мбапе од Франција со осум постигнати гола.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија