Утрински Весник
Спорт

Љорис: Нè победи Аргентина, а не вирусот

Љорис: Нè победи Аргентина, а не вирусот

Францускиот капитен, Иго Љорис инсистира дека Франција не смее да го користи вирусот кој ја погои репрезентацијата за поразот по пенал-драмата во финалето од Аргентина.

dobivaj vesti na viber

Неколку фудбалери на Дидие Дешам беа болни во текот на шампионатот (наводно од таканаречениот камилски грип), што се додаде на проблемите со повредените фудбалери, но Љорис вели дека тоа не смее да биде изговор.

„Вирусот? Нема да бараме изговори, го дадовме максимумот, не мамевме и мораме да им честитаме на момците бидејќи се бореа до крај и не се предадоа. Секако, поразот боли, ова е приказна која заврши на лош начин за нас. Вистина е дека како да го пропуштивме првото полувреме, со многу технички грешки, без дуели и не поставија во тешка ситуација. На средината на второто полувреме имавме изблик на гордост и талентот на Килијан не врати на 2:2. Како во некој боксерски меч, удар по удар“, објаснува Љорис.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина