Утрински Весник
Македонија

Совет на амбасадори: Последните збиднувања во судството можат да му наштетат на успешното реализирање на скринингот

Совет на амбасадори: Последните збиднувања во судството можат да му наштетат на успешното реализирање на скринингот

„Перманентно и внимателно следејќи ги состојбите во нашето општество во разните области на живеењето Совет на амбасадори е длабоко загрижен за тешката состојба во која се наоѓа нашиот судски систем кој со последната дискутабилна пресуда за случајот „Таргет-тврдина“ покажа дека веќе е во тешка состојба и најитно треба да се превземат неопходни мерки за неговото санирање“ соопштуваат од Советот на амбасадори.

dobivaj vesti na viber

Оттаму наведуваат дека „Советот смета дека за жал судскиот систем се наоѓа под влијание на разни внатрешни и надворешни структурни влијаниа кои креираат систем на неказнивост на разни моќни економски и политички структури на државата и со тоа стимулираат селективна правда“.

„Совет на амбасадори смета дека Судскиот совет како најповикана судска институција за оценување на работата на судиите темелно ќе ги анализира состојбите во поединечно и групно однесување на судиите по поедини предмети кои јавноста ги перцепира како проблематични и ќе донесе соодветни праведни одлуки. Советот на амбасадори смета дека последните збиднувања во судството и воопшто во работата на правосудниот систем на Северна Македонија можат да му наштетат на успешното реализирање на скринингот и на натамошното водење на преговорите на нашата земја со Европската Унија. Советот смета дека крајно време е сите да ја сфатиме потребата донесени реформи во судството како и тие што допрво треба да се донесат треба доследно да се применуваат од сите државни институции, а во прв ред од страна најповиканите: обвинителите, адвокатите, судиите, парламентарците, министрите, па сѐ до највисоките функционери на државата” се вели во соопштението.

 

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски