Утрински Весник
Спорт

ЛА Лејкерс го добија дуелот со Денвер, но останаа без Ентони Дејвис

ЛА Лејкерс го добија дуелот со Денвер, но останаа без Ентони Дејвис

Лос Анџелес Лејкерс го добија дуелот против Денвер Нагетс со 126:108, но го загубија Ентони Дејвис кој поради повреда на десната нога го напушти теренот по само 19 одиграни минути.

dobivaj vesti na viber

Леброн Џејмс постигна 30 поени, а Расел Вестбрук дојде до трипл-дабл од 15 поени, 12 асистенции и 11 скока. Во тимот на Денвер, додека Никола Јокиќ го заврши мечот со 25 поени и 11 скока.



Лука Дончиќ беше предводник на Далас Маверикс во триумфот над Портланд Трејлблејзерс со 130:110. Словенецот постигна 33 поени, а еден помалку уфрли Вуд. Кај гостите, Лилард беше стрелец на 24 поени.

Бостон изненадувачки загуби на домашен терен од Орландо со 109:117.Џејсон Тејтум постигна 31 поен за Бостон, а најефикасен кај победникот беше Мориц Вагнер со 25 поени.

Во останатите мечеви беа постигнати следните резултати Шарлот – Атланта 106:125, Детроит – Сакраменто 113:122, Бостон – Орландо 109:117, Кливленд – Индијана 118:112, Филаделфија – Голден Стејт 118:106, Торонто – Бруклин 116:119, Чикаго – Њујорк 91:114, Оклахома – Минесота 110:112.

Можете да прочитате

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови

Македонските кадети на врвот: Злато на Светското училишно првенство во Скопје