Утрински Весник
Спорт

Дембеле: Ние сме Франција и сакаме да ја освоиме титулата

Дембеле: Ние сме Франција и сакаме да ја освоиме титулата

Крилниот напаѓач на Франција, Oсман Дембеле, изјави дека атмосферата во тимот е добра, и дека селекцијата е многу помирна и поискусна отколку во 2018 година во Русија. Тој е оптимист во пресрет на финалето против Аргентина.

dobivaj vesti na viber

„Секој фудбалер сака да го освои Светското првенство, а ни останува уште еден натпревар за добро да ја завршиме работата. Се чувствувам многу добро од почетокот на Светското првенство, фокусиран сум и среќен. Во финалет ќе ни биде потребен одличен ден против многу тежок противник. Мислам дека јас лично можам уште подобро, особено офанзивно, но понекогаш тимот е поважен. Вирусот не може да нѐ скрши, Упамекано и Рабио имаа главоболки и стомачни проблеми, а јас им направив чај со мед“, коментираше Французинот.

Дембеле ласкаво зборуваше за противникот во финалето, селекцијата на Аргентина, како и за капитенот Лионел Меси, за кого ова веројатно ќе биде последно Светско првенство.

„За играч со кариера како Меси би било добро да стане светски шампион, но ние сме Франција и исто така ја сакаме титулата. Мислам дека овој тим на Аргентинците е подобар од оној во 2018 година и нѐ очекува навистина тежок натпревар“, изјави Французинот.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари