Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко рече дека на претстојната средба со Путин ќе разговара за прашања од стратешки карактер, пред се за економијата.
„Ќе разговараме за воено-политичката ситуација околу нашите земји. Се разбира, ќе зборуваме и за одбранбена способност и безбедност. Но, најважна е економијата“ – нагласи Лукашенко.
Белорускиот лидер рече дека Минск никогаш нема да биде непријател на Москва.
„Суверенитетот и независноста на Белорусија се непоколебливи. Во исто време, Белорусија никогаш нема да биде непријател на Русија“ изјави тој.
Шефот на државата истакна дека ниту една од заедничките програми не навлегува во суверенитетот и независноста на Белорусија.
„Да, ние сме со Русија. Како суверена и независна држава“ – нагласи белорускиот лидер.
„Претседателот на Русија, Владимир Путин, на 19 декември ќе престојува во работна посета на Белорусија, каде со својот белоруски колега Александар Лукашенко ќе разговара за стратешкото партнерство и интеграцијата“, соопштија од прес-службата на Кремљ.