Утрински Весник
Македонија

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во Скопје и Битола

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во Скопје и Битола

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (8 основни училишта и 19 средни училишта и една градинка) и Битола (девет основни училишта и две средни училиште), како и Меѓународен аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Национална арена „Тоше Проески“, Фудбалска федерација на Македонија, „Ист гејт мол“, како и неколку хотели, дека добиле пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштуваат од МВР.

dobivaj vesti na viber

Оттаму информираат дека „веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“.

Можете да прочитате

Лефков: Филипче и талогот на СДС се против развој на индустријата со дата центри, а за ова дури и се разидоа и со свои сопартијци 

Тројца полицајци повредени во сообраќајка во Скопје

Уапсен скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“