Утрински Весник
Свет

Афера „Катаргејт“: сопругот на Ева Каили призна вина

Афера „Катаргејт“: сопругот на Ева Каили призна вина

Сопругот на уапсената потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, Франческо Џорџи, кој е вмешан во аферата „Катаргејт“, призна дека учествувал во скандалот.

dobivaj vesti na viber

Според порталот Il Fato Quotidiano, Џорџ, кој е сопственик на две невладини организации, ова признание го дал пред белгиските инспектори.

Тој признал дека управувал со готовина што доаѓала од Мароко и Катар, а таа била дистрибуирана меѓу претставници на Европскиот парламент, парламентарни асистенти и други личности, кои може да влијаат на нивното гласање и однесување во бриселските институции.

Во исто време се извини што постапил незаконски и побара неговата сопруга да биде ослободена од притвор за да може да биде со нивната мала ќерка. Каили, сепак, ги негира сите обвинувања.

Меѓу уапсените за корупција се и еден од потпретседателите на Европскиот парламент, Гркинката Ева Каили и нејзиниот сопруг, како и поранешниот социјалдемократски пратеник на ЕП, Пјер Антонио Панцери, и други личности.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници