Утрински Весник
Економија

Ковачевски: 324 милиони евра со предлог-буџетот за модерна инфраструктура и капитални инвестиции

Ковачевски: 324 милиони евра со предлог-буџетот за модерна инфраструктура и капитални инвестиции

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на заедничка прес-конференција со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, го презентира предлог-буџетот за 2023 година. Ковачевски посочи дека предложениот буџет за транспорт и врски е развоен, со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст, основа за понатамошен развој, што е особено важно во овие услови на најголема економско-енергетска криза.

dobivaj vesti na viber

„За следната година за транспорт и врски имаме развоен буџет, со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст, основа за понатамошен развој, што е особено важно во овие услови на најголема економско-енергетска криза во светот.

Предлог-буџетот за Министерството за транспорт и врски за 2023 година изнесува околу 324 милиони евра, што е 135 % зголемување од оваа година. Буџетската каса е проектирана за реализација на крупни капитални проекти, како што се: изградба на автопатот на Коридорот 8 и на Коридорот 10 Д; изградба на железница на Коридорот 8; изградба и санација на локални патишта во општините; гасификација; изградба и реконструкција на водоводни и канализациски мрежи; субвенции за нови авиoлинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини“, посочи тој.

И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско-енергетска криза интензивно работиме на изградба и реконструкцијата на главните патни делници во земјата, додаде Ковачевски.

„Во 2023 година продолжува изградбата на автопатите на Коридорот 8 за што се предвидени 244 милиони евра. Регионалното поврзување и соработка е еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна важност за развојот на нашата економија. Очекуваме в година да заврши изградбата на автопатот Кичево – Охрид и веќе во јануари 2024 година да може граѓаните, сите ние, да возиме по тој автопат. Активно продолжува изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, третата лента на патот Паланка – Деве Баир. Во рамките на овој коридор наредната година треба да почне изградбата на автопатските делници Ќафасан – Струга – Требениште, Букојчани – Гостивар, Гостивар – Тетово и Коридорот 10 Д – Прилеп – Битола. Активно ќе се работи и на изградбата на експресниот пат Градско – Дреново, Дреново – Фариш, Скопје – Блаце (прва фаза), Битола – Меџитилија и други автопатски делници“, посочи Бочварски.

Појасни дека во рамките на Коридорот 8, со предлог-буџетот за транспорт и врски, 33 милиони евра се предвидени за изградба на железницата на овој коридор. На крајот на октомври годинава го означивме почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 низ Северна Македонија – делницата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка и активно изградбата продолжува и во 2023 година. Овој огромен проект отвора нови европски рути за железнички превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и пристаништето Драч во Албанија, што е од исклучителна важност за нашата економија, но и, генерално, за соработката на регионот во целина, како и соработката на регионот со други региони во Европа.

И наредната година продолжуваме со темпото на изградба и санација на локални патишта во општините за што се предвидени над 6 милиони евра, со кои значително се подобруваат условите за живеење.

Според надлежните, во новиот предлог-буџет предвидени се 1,7 милион евра за спроведување на гасификацијата, односно за завршување на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар.

Можете да прочитате

Божиновска: Продолжуваат мерките за ублажување на ценовните притисоци врз горивата

Сојузот на стопански комори не се согласува со кратење на празниците, предлага плаќање на вработените по час

ОКТА ја продолжува иницијативата за поддршка на пазарот со попуст од два денари по литар дизел гориво