Утрински Весник
Свет

Српската влада поднесе барање до КФОР за враќање на војската во Косово

Српската влада поднесе барање до КФОР за враќање на војската во Косово

Претставници на Владата на Србија денеска поднесоа барање до КФОР за враќање на до илјада припадници на српските безбедносни сили  во Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

dobivaj vesti na viber

Како што јави Радио-телевизија Србија, барањето е поднесено на административниот премин Мердаре.

Владата на Србија во четвртокот вечерта одлучи да побара од КФОР да овозможи враќање на илјада припадници на безбедносните сили на Косово, а одлуката е донесена едногласно.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ оцени дека тоа е направено за да се намалат тензиите на Косово, но и додаде дека КФОР најверојатно нема да го прифати барањето на Србија.

Можете да прочитате

Дронот што експлодира во Литванија бил украински, потврди литванскиот премиер

Европски и азиски земји ги предупредуваат граѓаните: Не патувајте во Франција освен ако не морате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“