Утрински Весник
Македонија

Утрово дојави за бомби во 15 скопски училишта, учениците се надвор, полицијата прави проверки

Утрово дојави за бомби во 15 скопски училишта, учениците се надвор, полицијата прави проверки

Неколку скопски средни училишта и утрово добија дојави за поставени бомби на електронските адреси. Прекинат бил првиот час, а професорите побарале учениците да излезат надвор и да почекаат да завршат проверките.

dobivaj vesti na viber

Онаму каде што единицата за антитероизам поминала, учениците веќе се враќаат на наставата.
Првпат меѓу школите кои добија закана за бомби денес првпат е и гимназијата „Героги Димитров“ во Тафталиџе.

„ Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната прес-конференција изјави дека е скоро невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби.

Тој појасни дека голем дел од дојавите се прават преку т.н. ВПН врски хостирани во странство.

Скопските средни училишта дојави за бомби почнаа да добиваат во октомври. Во меѓувреме лажни дојави за експлозивни направи имаше и за Народната банка, Ист Гејт, ТЦ Бисер, ГТЦ, Железничката станица, кулите Џевахир, Министерството за надворешни работи, Флатирон и други објекти.

Можете да прочитате

АВМУ со осуда за физичкиоот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово

(Фото) Пожари го угушија Скопје – Чад и силен мирис на изгорено го прекрија градот

Сиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за државава и Косово