Утрински Весник
Свет

Бербок: Германија ќе одобри уште 50 милиони евра помош за Украина

Бербок: Германија ќе одобри уште 50 милиони евра помош за Украина

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, денеска на донаторската конференција во Париз изјави дека Берлин ќе одобри уште 50 милиони евра помош за Украина, како одговор на руските напади врз тамошната енергетска инфраструктура.

dobivaj vesti na viber

Бербок рече дека Германија работи на испорака на генератори, ќебиња и гориво за греење во Украина за Божиќ, бидејќи руските напади врз енергетските капацитети предизвикуваат недостиг на електрична енергија во многу делови од земјата, објави Ројтерс.

„Рускиот претседател сака да го скрши народот на Украина и ние нема да го дозволиме тоа“, изјави таа.

Можете да прочитате

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика

Ким: Русија има право на самоодбрана

Предвремени парламентарни избори на Исланд