Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да најдат решение за превозот во Скопје

(Видео) Мицкоски: Оваа кампања е значаен момент, првпат граѓаните директно можат да го креираат буџетот

ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска со својата неспособноста и со кавгите меѓу себе го создадоа хаосот во Скопје, обвини СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Нивна е одговорноста што градот е без јавен превоз, што јавните градски претпријатија се во колапс, а граѓаните на Скопје се соочуваат со блокади, проблеми во движењето и извршувањето на секојдневните обврски.

ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Арсовска не можат да избегаат од одговорноста, тие треба да сработат и да најдат решение за да престанат блокадите и граѓаните повторно да добијат јавен автобуски превоз.

Градоначалничката, претседателот на Советот, мнозинството советници, мнозинството советници во Советот, сите се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и само оваа партија може да стави крај на овој хаос.

Наместо проекти и решенија, граѓаните гледаат блокади, кавги за тендери и нефункционалност на институциите. Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на градот“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт