Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела меѓу СДС и Арсовска е базирана на заедничкиот мерак за пари, провизии и матни тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела меѓу СДС и Арсовска е базирана на заедничкиот мерак за пари, провизии и матни тендери

Тачела е коалицијата на СДС и Арсовска, на која со лепакот наречен тендери и дебели хонорари се прилепени и ГРОМ, ДУИ и Левица. Оваа Коалиција е одговорна за хаосот и нефункционалноста на градот. Сите директори на јавните претпијатија се дел од Тачела Коалицијата и тие наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните, создаваат нови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Заедничката љубов на СДС и Арсовска најдобро се гледа во ЈСП каде кадарот на СДС Александар Стојковски склопи договор тежок 27 милиони евра со семејната фирма на пратеник од мнозинството на Ковачевски без да се пресмета рабат со што би се уштеделе најмалку 1,5 милиони евра. Со овие пари ќе се платеа долговите кон приватните превозници и јавниот превоз немаше да биде во колапс.

СДС залудно глуми лудило кога веќе сите гледаат како функционира нивната коалиција. Доколку навистина сметаат дека Данела Арсовска катастрофално го менаџира Градот Скопје, тогаш СДС ќе побараа нејзина оставка. Но вистината е дека меракот за пари, провизии и матни тендери им е заеднички, па затоа се врзаа“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт