Утрински Весник
Свет

Жена возач на Убер избодена до смрт од патник, кој објавил видео од неа како умира на Фејсбук

Жена возач на Убер избодена до смрт од патник, кој објавил видео од неа како умира на Фејсбук

Американец избодел со нож жена возач на Убер, по што објавил видео на Фејсбук од жртвата како умира.

dobivaj vesti na viber

Брендон Џејкобс (29) од Њу Орлеанс го извршил нападот на паркинг на автопат.

Шерифот Џозеф Лопинто изјави дека жртвата, 54-годишната Јоланда Дилон од Мареро, била пронајдена избодена во возилото и однесена во болница каде што починала, пренесува „Скај њуз“.

Таа го возела Џејкобс до хотел во четвртокот кога била нападната.

Џејкобс е уапсен неколку часа по нападот и обвинет за убиство од втор степен. За време на прес-конференцијата во петокот, шерифот рече дека Џејкобс го признал убиството.

„ Неговото признание во основа беше дека се разбудил вчера наутро и решил дека ќе убие некого, тоа ќе биде неговиот ден“, рече шерифот.

„ Беше на задното седиште. Ја избоде одзади, излезе од возилото и лежерно се оддалечи. Џејкобс ја снимил жртвата и го објавил видеото на Фејсбук, додаде шерифот.

Убиената Јоланда работела и како буџетски аналитичар во полицискиот оддел во Њу Орлеанс.

Истрагата се уште е во тек.

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство