Утрински Весник
Свет

Претседателката на ЕП за корупцискиот скандал: Никој нема да остане неказнет

Претседателката на ЕП за корупцискиот скандал: Никој нема да остане неказнет

Ништо нема да биде „ставено под тепих“, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, откако белгиските власти ја уапсија и обвинија за корупција потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили.

dobivaj vesti na viber

Белгиски судија вчера обвини четири лица за наводно примање пари и подароци од заливската земја со цел да влијае на одлуките на Европскиот парламент. Полицијата во петокот при претресите запленила поголема сума пари, а меѓу уапсените била и потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили од редовите на социјалистите. Тие се обвинети за учество во криминална организација, перење пари и корупција.

Во меѓувреме, на Каила и беа одземени сите овластувања поради поврзаноста со истрагата, а грчката социјалистичка партија ПАСОК и социјалистичкиот клуб во ЕП ја исфрлија од своите редови грчката европратеничка.

„ Никој нема да остане неказнет“, рече Мецола, отворајќи ја пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, и тврди дека аферата, заедно со Европскиот парламент, „ја ставила и европската демократија на удар“. Овие малигни актери, поврзани со автократски трети земји, наводно инструментализирале невладини организации, синдикати, поединци, асистенти и членови на Европскиот парламент во обид да ги потчинат нашите процеси, но нивните злонамерни планови не успеале“, рече таа.

„ Ќе започнеме реформски процес за да видиме кој има пристап до нашите простории, како се финансираат овие организации, невладини организации и луѓе, какви односи имаат со трети земји, ќе побараме поголема транспарентност во овој поглед. Ќе ги испитаме средбите со странските актери и оние кои се поврзани со нив“, рече Мецола и најави зајакнување на системот на „свиркачи“.

Белгиските обвинители рекоа дека со месеци се сомневале дека заливската земја се обидува да влијае на одлуките во Брисел. Извор запознаен со случајот изјави дека се работи за земјата домаќин на Светското првенство Катар. Катарските власти ги отфрлија наводите за можни неправилности.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници