Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека клучното прашање е кој од петте потпишани договори ќе го почитува Приштина и „оние кои и’ помагаат“.
Тој нагласи дека ден пред апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, Курти изјавил дека барањата за формирање на ЗСО биле детски.
„Бурбок рече дека некој ги намали тензиите затоа што ги одложил изборите, замислете лицемерие. Таа вечер упаднавте со специјалци и сакавте да ги заземете општинските изборни комисии… Знаевте дека нема да има избори, но сакавте насилно да ги нападнете Србите… Така ја уништија Република Српска затоа што им одговара, “ изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека клучното прашање е поврзано со потпишаните документи:
„Пред нив ќе презентирам пет важни документи, кажете кои сакате да ги почитуваме, еве „шведска маса“, изберете дали сакате да го почитувате Кумановскиот договор, Повелбата на ОН, Резолуцијата 1244, Бриселскиот или Вашингтонскиот договор. Кажете ни, што сакате да почитувате, ниту еден од петте не го почитува Приштина или оние што им помагаат, ниту еден“, рече Вучиќ.
Барате од нас да разговараме, да преговараме, а потоа не важи бриселскиот договор, делот што Албанците нема да го спроведат, па Бербок вели дека нема влада во Приштина што ќе ја создаде ЗСО, посочи Вучиќ.
Тој не сакаше да ја коментира изјавата на специјалниот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој ги повика Белград и Приштина да ја деескалираат ситуацијата на северот на Косово, каде косовските Срби од саботата ги блокираат патиштата поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ.
„Се плашам дека оваа реакција е последица на нападот што го доживеа кога го означи виновникот за пропаѓањето на преговорите во Брисел“, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека Србија прави се’ за да го зачува мирот и дека вчера на седницата на Советот за национална безбедност.
„Апелираме да се ослободат невините Срби, да не се испраќа полиција со долги цевки, тие немаат реална можност да го направат тоа, не сакаме конфликт, тоа не ни треба“, рече Вучиќ.
„Верувам дека ќе го зачуваме мирот и ќе дадеме се’ од себе да го направиме тоа“, рече претседателот.
Тој го повика српскиот народ на кој било начин да не ги загрозува КФОР и ЕУЛЕКС, „да не им дава муниција во рацете на оние кои би ги прикажале како виновни за било што“.
Најави дека в четврток, по седницата на Владата, ќе биде испратено барање до командантот на КФОР за да се овозможи враќање на српските воени и полициски сили во Косово и дека тоа е причината што тој се’ уште не одговорил на тоа.
Вучиќ истакна и дека по вчерашната седница на Советот е горд на српските вооружени сили во нивната одлука да се стават на располагање на татковината.