Музичката ѕвезда Тејлор Свифт ќе има филмско режисерско деби со оригинално сценарио.
„Добитничката на „Греми“ ќе режира филм со оригинално сценарио што таа го напишала,“ соопшти студиото Searchlight Pictures.
Студиото во сопственост на „Волт Дизни“, познато по добитниците на „Оскар“ за најдобар филм – „Обликот на водата“ (The Shape of Water) и „Земјата на номадите“ (Nomadland), како и по драмата од 2022 година The Banshees of Inisherin – не ја откри темата на филмот на Свифт ниту кога ќе биде објавен.
„Тејлор е уметник и раскажувач една во својата генерација. Вистинска радост и привилегија е да се соработува со неа додека таа тргнува на ова возбудливо и ново креативно патување“, се вели во соопштението на претседателите на Searchlight, Дејвид Гринбаум и Метју Гринфилд.