Утрински Весник
Свет

Борел: Многу загрижувачка истрага за наводна корупција во Европскиот парламент

Борел: Многу загрижувачка истрага за наводна корупција во Европскиот парламент

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел, денеска изјави дека истрагата што Белгија ја води за наводна корупција во Европскиот парламент е „многу загрижувачка“.

dobivaj vesti na viber

„Секако, вестите се многу загрижувачки. Се соочуваме со некои настани, некои факти кои секако ме загрижуваат како поранешен претседател на Европскиот парламент“, изјави Борел по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, пренесува Ројтерс.

Белгиското правосудство изврши неколку претреси во петокот како дел од истрагата отворена кон средината на јули оваа година за наводна криминална организација која се инфилтрирала во срцето на Европскиот парламент и е осомничена за мешање во политиката на синдикатот и корупција преку Катар.

Можете да прочитате

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност