Приватните превозници и денеска продолжуваат со протестите.
Во петокот како што изјавија, побарале од премиерот Димитар Ковачевски помош во изнаоѓање на решение за проблемот.
Премиерот во интервју посочи дека тоа треба да го решат градоначалничката на Град Скопје и мнозинството во Советот на Град Скопје.
Приватните превозници од „Слобода превоз” и „Макекспрес” започнаа со блокада на главниот град на 28 ноември кога со околу 30 автобуси на раскрсницата кај Мавровка, односно булеварите „Гоце Делчев” и „Крсте Петков Мисирков”, побараа да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа.
Откако немаше исход, приватните превозници на 5 декември оваа година направија поголема блокада со поставување на околу 200 автобуси на неколку главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвениот Крст, како и булеварот „Илинден”. Во петокот ги одблокираа крстосниците кај Мавровка и Црвениот крст.