Утрински Весник
Свет

Ердоган: Извозот на други производи може да започне преку Црноморскиот коридор

Ердоган: Извозот на други производи може да започне преку Црноморскиот коридор
Dik 300x250 mk

Преку Црноморскиот хуманитарен коридор беа испорачани повеќе од 13 милиони тони жито, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека преку него може да започне извозот на други прехранбени производи, соопшти управата на објави турскиот претседател.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите биле односите меѓу Турција и Русија, особено во областа на енергетиката, прашањата за борбата против тероризмот и регионалните прашања, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Ердоган истакна дека преку 13 милиони тони земјоделски производи им биле обезбедени на земјите на кои им биле потребни со заеднички напори и дека може да започне извоз на други прехранбени производи и суровини во коридорот за жито.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим