Утрински Весник
Свет

(Видео) Уапсен поранешен српски полицаец на Косово, населението постави барикади, се огласија сирени

(Видео) Уапсен поранешен српски полицаец на Косово, населението постави барикади, се огласија сирени

Денеска во Јариње е уапсен Србинот Дејан Пантиќ, поранешен полицаец во косовската полиција, по што српското население на северот на Косово се собраа на протест. На тоа место се поставени барикадите бидејќи Србите од северот на Косово не сакаат да дозволат уапсениот полицаец да биде однесен во Приштина. Освен во Лепосавиќ, граѓани се собраа и во Северна Митровица, Рудар кај Звечани кај крстот, како и во Србовац.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува, возила на припадниците на КФОР, поточно на полскиот контингент, се наоѓаат во близина на барикадите кај Рудар. Станува збор за неколку џипови, во кои има војници од оваа мисија.

Патролите на ЕУЛЕКС пристигнаа на барикадите во Лепосавиќ, јавува „Косово онлајн“.

Сирени се огласија и во Северна Митровица и Звечан.

Пантиќ, кој неодамна ја напушти косовската полиција, кога Србите ги напуштија институциите, денеска е уапсен на административниот премин додека се враќал од правец на Рашка, а во моментот на апсењето бил со сопругата.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени