Утрински Весник
Свет

Порошенко ги повика САД да им дадат оружје со долг дострел за да уништат руски магацини и командни центри

Порошенко ги повика САД да им дадат оружје со долг дострел за да уништат руски магацини и командни центри

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, ги повика САД да им дадат оружје со долг дострел, со цел „да ги уништат руските магацини и командни центри на земјата агресор“.

dobivaj vesti na viber

Порошенко, исто така, истакна дека на Украина и се потребни воздушни одбранбени и борбени авиони за заштита на цивилните објекти од клучната инфраструктура, објави украинската веб-страница prm.ua.

„Оружјето никогаш не е доволно. Ние го разбираме тоа и ситуацијата се подобрува чекор по чекор. Имаме германски гепарди, IRIS-3, се надеваме дека наскоро ќе имаме американска воздушна одбрана. Сега треба да го имаме сето тоа не само на првите борбени линии, туку и за да се затвори небото на клучните енергетски инфраструктурни објекти низ целата земја“, изјави Порошенко за Си-Ен-Ен.

Тој рече дека снабдувањето со енергетска опрема и испораката на противвоздушна одбрана може да ги промени правилата на играта и „да го спречи Путин да ја нападне клучната енергетска инфраструктура“. „Покрај тоа, ни треба повеќе оружје, ни требаат борбени авиони. Тие се потребни за да се прекине доминацијата во воздухот и да се покријат украинските војници од руските напади“, додаде поранешниот претседател на Украина.

Тој им порача на Американците и дека снабдувањето со артилерија и ракетни системи со долг дострел нема да значи дека ќе има напад на територијата на Русија.

„Ние не го правиме тоа. Тоа е прашање на доверба. Украинските вооружени сили ја имаат довербата на Америка и ни требаат овие артилериски ракети со долг дострел. Можеме да уништиме складишта за руска муниција, руски командни пунктови, а тоа ќе ни помогне да ја одбраниме Украина. Тоа ќе ни помогне да ја одбраниме Европа“, истакна Порошенко.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени