Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца насилници од скопско, следува кривична пријава

Расчистена кражба во Ресенско, уапсени тројца крадци

Во текот на вчерашниот ден по преземени мерки и распишан централен распис од Единицата за насилен криминал, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.П.(36) од с.Сопиште, скопско и Ј.П.(34) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тие, како што соопшти полицијата, се сомничат дека на 07.12.2022 на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје со уште едно лице физички го нападнале А.А. од Скопје и му нанеле тешка телесна повреда.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Мицкоски најави дека наскоро ќе имаме пет потрошувачки кошници, не една

Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница

Мицкоски: Бугарија има шанса да докаже дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единственото барање