Утрински Весник
Свет

Песков: Размената на трговец со оружје за кошаркарка не е пресвртница во односите меѓу Русија и САД

Песков: Размената на трговец со оружје за кошаркарка не е пресвртница во односите меѓу Русија и САД

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека размената на дилерот на оружје Виктор Бут за кошаркарката Бритни Грајнер не претставува пресвртница за ставање крај на кризата во односите меѓу Русија и САД и оцени дека односите се уште се во „лоша состојба“.

dobivaj vesti na viber

Разговорите беа само за размена и веројатно не треба да се извлекуваат шпекулативни заклучоци дека тоа може да биде чекор кон решавање на актуелната криза во нашите билатерални односи. Нашите билатерални односи остануваат во истата лоша состојба, рече Песков во барањето за коментар на дневниот весник „Известија“ што излезе денеска, пренесува ТАС С.

САД и Русија вчера на аеродромот во Абу Даби ја разменија кошаркарката Бритни Грајнер, која беше во затвор во Русија, за рускиот дилер на оружје Виктор Бут, кој помина 12 години во американски затвор.

Грајнер, која освои два златни олимписки медали, беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром бидејќи во багажот имала масло од канабис, кое е забрането во Русија. Таа на 4 август беше осудена на девет години затвор.

Во 2012 година, Бут беше осуден на 25 години затвор во САД под обвинение за заговор за убивање Американци, набавка и извоз на противвоздушни ракети и обезбедување материјална поддршка на терористичка организација.

Можете да прочитате

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО

Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел

Фидан: Поддршката за „геноциден Израел“ не е во ничија корист