Утрински Весник
Спорт

Софаскор: Статистиката е на страната на Бразил, Хрватска никогаш не го победила „Селесао“

Софаскор: Статистиката е на страната на Бразил, Хрватска никогаш не го победила „Селесао“

Бразил и Хрватска од 16 часот ќе ја отворат четвртфиналната фаза на 22. Светско првенство во фудбал. Најголемиот фаворит за титулата и актуелниот вицепрвак ќе се судрат на „Едукејшн“ стадионот во Ал Рајан. Натпреварот ќе го суди Англичанецот Мајкл Оливер.

dobivaj vesti na viber

Бразил на патот до четвртфиналето со две победи (Србија, Швајцарија) и пораз (Камерун) во комбиниран состав ја освои групата. Во осминафиналето, избраниците на Тите ја прегазија Јужна Кореја.

Хрватска, на општо изненадување, во групата заврши зад Мароко. „Коцкестите“ два пати ремизираа без голови (Мароко, Белгија) и ја победија Канада, а во осминафиналето на пенали ја добија драмата против Јапонија.

Бразил и Хрватска низ историјата одиграле четири натпревари, два од нив се пријателски (2015 во Сплит 1:1 и 2018 во Ливерпул 2:0), два на светските шампионати (2006 во Германија 1:0 и 2014 во Бразил 3:1).

На тековниот Мундијал, кога станува збор за статистиката, Бразил и Хрватска се речиси израмнети. Примија по два гола досега, Бразил има постигнато два гола повеќе од Хрватска. Поседот на топката е незначително на страната на бразилските играчи, кои креираат нешто повеќе големи шанси на секој натпревар.

Значи традицијата и изданијата на ова СП се на страната на Бразил, а еден интересен податок вели дека секогаш кога на Хрватска и судат Англичани, а тоа досега се случило пет пати, натпреварите завршувале нерешено.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина