Утрински Весник
Спорт

Тројка преку Таварес и фаул, Џејмс го шокираше Реал во Мадрид

Тројка преку Таварес и фаул, Џејмс го шокираше Реал во Мадрид

Реал и Монако го одиграа најнеизвесниот натпрвар од стартот на сезоната во Евролигата. Победата му припадна на францускиот тим 94:95.

dobivaj vesti na viber

Кошаркарите на Реал имаа сигурна победа, во последните 10 секунди влегоа со предност од четири поени (88:84). Сепак кошамрен за нив беше последниот напад на Монако.

Американецот Мајк Џејмс, на 4,3 секунди до крајот постигна неверојатна тројка преку високиот центар Валтер Таварез и успеа да изнуди фаул. Џејмс израмни на 88:88, а потоа во продолжението Монако имаше повеќе самодоверба и заслужено ја однесе победата.

Џејмс го предводеше Монако со 28 поени и по три скока и асистенции. Џордан Лојд, кој доживеа повреда на носот во последната минута, имаше учинок од 19 поени и четири скока и асистенции.

Најефикасен кај Реал беше Џанан Муса со 24 поени, додека Таварез, со фаулот над Џејмс, фрли сенка на одличната партија во која покрај 17 поени имаше и 18 скока.

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата