Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателот на Собранието по повод празникот Св. Климент Охридски

Честитка од претседателот на Собранието по повод празникот Св. Климент Охридски

„Дозволете од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име на сите православни верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, граѓани на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски, празник на основоположникот на црковниот живот во Република Северна Македонија и ревносен ученик на светите браќа Кирил и Методиј“ се вели меѓудругото во честитката упатена од претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод денешниот празник Св. Климент Охридски.

dobivaj vesti na viber

„Неговиот лик и дело е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија, најдобар пример за тоа како да се допре до срцата и умот на следбениците за да се постават солидни основи за произведување на трајни вредности кои покрај тоа што се значајно наследство за идните поколенија, се и скапоцен дар за светското духовно и просветителско наследство.

Затоа, обврска и чест е посветено да се негува тоа наследство, да се надгради и збогати со сета духовна и просветителска разноликост што е одлика на нашето општество. Просветлувањето на умот и издигнувањето над тесно градното гледање на светот е единствениот пат на обединувањето на граѓаните за напредокот на нашата заедничка држава, Република Северна Македонија.

Почитувани граѓани, уште еднаш Ви го честитам празникот и Ви посакувам добро здравје, мир и радост за Вас и Вашите блиски и сакани“ стои во честитката од Џафери.

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор