Утрински Весник
Спорт

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната

Светската фудбалска федерација (ФИФА) не им прости на Србија и на Хрватска, казнувајќи ги финансиски за националистичките испади на Мунијалот во Катар. Хрватска е казнета со 50.000 швајцарски франци за однесувањето на своите навивачи кон канадскиот голман со српско потекло, Милан Борјан.

dobivaj vesti na viber

Борјан е роден во Книн, Хрватска, но неговото семејство избегало за време на војната во ова земја во 1990-тите.

„Хрватскиот фудбалски сојуз е казнет со 50.000 швајцарски франци за прекршување на членот 16. од дисциплинскиот кодекс на ФИФА – користење на зборови и предмети за пренесување на порака која не е прикладна на спортско натпреварување во текот на мечот против Канада“, објави ФИФА.

Србија, пак, доби помала казна од 20.000 швајцарски франци за прекршување на членот 11 на дисциплинскиот кодекс и правилникот на СП 2022 во „врска со истакнатото знаме во соблекувалната по мечот со Бразил“. По поразот од 2:0 во српската соблекувална имаше знаме со мапа на Косово во боите на српскот ознаме со порака: „Нема предавање“.

На крајот, казна добија и во Саудиска Арабија од 15.000 швајцарски франци поради недоличното однесување на нивните фудбалери.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари