Утрински Весник
Македонија

ИНТЕГРА во Европскиот парламент во Брисел на Европскиот молитвен појадок

ИНТЕГРА во Европскиот парламент во Брисел на Европскиот молитвен појадок

Лидерот на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија Љупчо Ристовски, деновиве престојува во Европскиот парламент во Брисел, на Европскиот молитвен појадок.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на посетата Ристовски оствари бројни протоколарни средби со влијателни европарламентарци, со сенаторот од Велс Darren Millar, со заменик генералниот секретар на НАТО Mircea Geoana, како и со премиерот на Црна Гора, г. Дритан Абазовиќ.

На средбите, Ристовски го претстави патот на Македонија кон членство во ЕУ, за предизвиците и заканите во процесот на евроинтеграцијата на Македонија, особено во светлината на бугарските екстремизми и притисоци врз македонскиот национален идентитет. Ристовски потенцираше дека е важно да се мобилизираат сите пријатели на Македонија и на Македонскиот народ во европските држави и институциите на ЕУ, затоа што само целосно остварен македонски национален интерес во татковината Македонија е гаранција за мир, прогрес и просперитет на Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

Во текот на престојот се оствари и работна средба на лидерството на ECPM – Европското христијанско политичко движење и притоа се разменија информации и анализи за актуелниот геополитички моментум во Југоисточна Европа, Балканот и Македонија.

Можете да прочитате

ЦУК: Активни 9 пожари, изгаснати 16

Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран

Детето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село