Утрински Весник
Спорт

Рамош херој, Португалија ја декласираше Швајцарија

Рамош херој, Португалија ја декласираше Швајцарија

Португалија и без Кристијано Роналдо супер лесно се справи со Швајцарија во 1/8-финалето на Светското првенство во Катар и си обезбеди четвртфинален дуел со Марко. Португалците триумфираа со 6-1 во последниот натпревар од осминафиналната фаза.

dobivaj vesti na viber

Гонсало Рамош беше херој во убедливиот триумф на Португалците, постигна три гола и го забележа првиот хет-три на овој Мундијал. Во првиот меч од нокаут-фаза на Светските првенства тој погоди во 17, 51 и во 67 минута. Стрелаа и Пепе, Рафаел Гереро и Леао. Единствениот гол за Швајцарија го постигна Аканџи по девет минути од вторто полувреме.

Кристијано Роналдо доби шанса во завршните дваесетина минути од натпреварот кога веќе неговата репрезентација имаше високи 5-1 и осигурана победа.

Мундијалот во Катар ќе продолжи по два дена пауза, четвртфиналните дуели се закажани за в петок и за в сабота. На првиот ден играат Холандија-Аргентина и Хрватска-Бразил, полуфиналната шема ќе ја комплетираат пресметките Англија-Франција и Португалија-Мароко.

Можете да прочитате

Барнли по една сезона во Премиер лигата се враќа во Чемпионшип дивизијата

Хуркач го преслуш Надал во Рим и го натера да размислува за крај на кариерата

УЕФА ќе го казни судијата кој Баерн предвреме го елиминира од ЛШ